• петок, 17 јануари 2025

Критична состојбата на момчето од Волково по струјниот удар

Критична состојбата на момчето од Волково по струјниот удар

Скопје, 17 јануари 2025 (МИА) - Критична е состојбата на момчето од Волково, кое вчера качено на цистерна-вагон доживеало струен удар, изјавија попладнево за МИА од Ургентниот центар.

- Пациентот примен преку Ургентниот центар вчера со изгореници е во критична состојба и хоспитализиран на интензивна нега. Медицинските тимови ја пружаат потребната здравствена заштита, согласно медицинските протоколи и прават максимални напори за спасување на неговиот живот, појаснија од Ургентниот центар.

На пруга во општина Кисела Вода, момчето било качено на цистерна-вагон кога доживеало струен удар.

Од Министерството за внатрешни работи вчера за МИА појаснија дека цистерната се запалила, а момчето со возило на Итна помош, било пренесено во Ургентниот центар.

Според информацијата на МВР, момчето е на возраст од 17 години, а настанот се случил во 14:55 часот. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан