• четврток, 21 ноември 2024

Кривична пријава за примање поткуп и злоупотреба на службена положба

Кривична пријава за примање поткуп и злоупотреба на службена положба

Скопје, 8 ноември 2024 (МИА) - СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднело кривична пријава против Б.К.(39) од Струмица поради постоење на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службена должност“ по член 353 и „примање поткуп“ по член 357 од КЗ.

Како што соопшти МВР, пријавениот Б.К., референт во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница Беласица – Струмица, се сомничи дека во претходните шест години, континуирано секој месец, лично или со посредство на друго лице, барал и добивал паричен надомест од жител на струмичко село, кој требало да добие дозвола за сеча на дрва.

Исто така, лицето за да добие дозвола за сеча на дрва плаќало и други услуги во корист на осомничениот. Откако ќе добиел надомест, пријавениот се јавувал на лице кое требало да ја издаде дозволата за сеча на дрва на планината Огражден, за да му биде изготвена и дадена на лицето, стои во соопштението.

На 06.11.2024 во Струмица, во моментот кога примал паричен надомест од истото лице, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.К.. Исто така, со судска наредба, биле извршени претреси во неговиот и во домовите на уште две други лица, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делата.

Од страна на судија од Основен суд Струмица на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена. нд/ац/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан