Крводарителска акција во пресрет на Светскиот ден на здравјето
- Крводарителска акција ќе се одржи денеска од 10 часот во просториите на галеријата Чифте амам во Старата скопска чаршија, на која крв ќе дарува и министерот за здравство Беким Сали, соопшти

Скопје, 31 март 2022 (МИА) - Крводарителска акција ќе се одржи денеска од 10 часот во просториите на галеријата Чифте амам во Старата скопска чаршија, на која крв ќе дарува и министерот за здравство Беким Сали, соопшти Министерството за здравство.
Министерството ја организира крводарителската акција во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, во пресрет на Светскиот ден на здравјето - 7 Април. мс/хс/
.