Концерт на гудачкиот квартет „Атака“ за крај на 47. Денови на македонска музика
- Четириесет и седмото издание на манифестацијата „Денови на македонска музика“ (ДММ) ќе заврши вечер со концерт на гудачкиот квартет „Атака“.

Скопје, 2 октомври 2024 (МИА) - Четириесет и седмото издание на манифестацијата „Денови на македонска музика“ (ДММ) ќе заврши вечер со концерт на гудачкиот квартет „Атака“.
Квартетот „Атака“ го сочинуваат млади уметници - виолинстките Ева Богоевска и Марија Трајковска, Илза Бафтиари - виола и Маја Михајловска - виолончело.
-Овој настан ќе биде единствена можност да се проследат дела од различни периоди и стилови на македонската музичка мисла посветена на камерниот состав - гудачки квартет. Ќе бидат изведени делата на композиторите Валентина Велковска-Трајановска, Гоце Гавриловски, Филип Иванов и академик Ристо Аврамовски, соопшти Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ), организатор на ДММ.
Влезот за концертот е слободен. Ќе се одржи од 20 часот во Камерната сала на Филхармонијата. хс/са/
Фото: СОКОМ