Конференција за отворање на првата Регионална берза за поддршка на малите и средните претпријатија
- Во организација на СЕБ Глобал Платформ Скопје денеска во Скопје ќе се одржи конференција за отворање на првата Регионална берза за поддршка на малите и средните претпријатија во Македонија.

Скопје, 19 јуни 2024 (МИА) - Во организација на СЕБ Глобал Платформ Скопје денеска во Скопје ќе се одржи конференција за отворање на првата Регионална берза за поддршка на малите и средните претпријатија во Македонија.
На конференцијата ќе се обратат Александар Ѓорѓиевски - Основач на регионална компанија SEB Global Group и застапник Македонија, Јован Пејковски, професор по меѓународна и развојна економија, корпоративен менаџмент, претприемништво и деловно работење на малите и средни претпријатија, како и Татјана Клисаровска, експерт по корпоративно и трговско право. сст/аа/
Фото: СЕБ Глобал Платформ Скопје