• недела, 22 декември 2024

Компаниите треба да продолжат да користат гас, смета Нуредини (ДПЛ)

Компаниите треба да продолжат да користат гас, смета Нуредини (ДПЛ)
Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини смета дека компаниите треба да продолжат да користат гас, а не да се оди на понееколошки варијанти како дизел и мазут. Тој тврди дека гас има. – Има гас, јас го кажувам тоа бидејќи доаѓам од сектор инвестиција, сите знаеме дека има гас, рече Нуредини. Сепак, тој потсети дека има процедури кои треба да поминат во Министерството, а досега, како што информира, околу пет големи компании побарале да ја сменат дозволата со која во случај на недостаток од гас ќе користат дизел. – Ако компаниите имаат А интегрирана дозвола мора да направат барање за измена на дозволата и процедурата трае околу три месеци. Значи ние мора да процениме прво дали таа измена е во согласност со законот, рече Нуредини на настан за садење 20 дрвца кои се донација од Еко-свест. Тој уште еднаш потенцира дека компаниите треба да продолжат да употребуваат гас, бидејќи како што кажа, се што е поевтино не значи дека е добро за граѓаните. – Барам сите да бидат свесни и да не одиме назад, рече министерот и додаде дека стручните лица во Министерството ќе проценат дали е можно или не менување на дозволата. Нуредини порача дека и покрај енергетската криза сите треба да се свесни за животната средина. - Имаме за жал загадување, но ако гледаме како било претходните години имаме намалување на аерозагадувањето. Тоа значи дека нашите политики што пробуваме да ги направиме измена на греење на болници, на полициски станици, градинки и училишта има позитивен ефект. Не можам да кажам што ќе биде утре, но морам да кажам дека сме во енергетска криза, имам разбирање и за граѓаните кои се најзагрозени во вакви кризи, но апелирам на свесност од сите институции, приватниот сектор и граѓаните, рече Нуредини. мс/лв/

Остани поврзан