Кичевските матуранти со оро ја завршија учебната година
- Поради ковид пандемијата наставата годинава за одвиваше онлајн, но сепак матурантите од кичевската гимназија последниот училишен ден го одбележаа со заедничка дружба, игра, песна и по некоја

Кичево, 20 мај 2021 (МИА) - Поради ковид пандемијата наставата годинава за одвиваше онлајн, но сепак матурантите од кичевската гимназија последниот училишен ден го одбележаа со заедничка дружба, игра, песна и по некоја солза.
Од дворот на гимназијата матурантите се упатија во центарот на Кичево, каде одиграа неколку ора, и потоа се упатија на Китино Кале, каде на платото пред Спомен костурницата повторно се разви оро и се испеа по некоја песна.
-Иако последната година од нашето гимназиско образование не бевме физички заедно, бидејќи наставата ја следевме онлајн поради короната, сепак за цело време се чувствувавме многу близу и дека се ближи денот кога ќе дојде и нашата средношколска разделба. Деновите поминати во средното училиште се најубавиот период од животот и ќе останат во неизбришлива меморија кај сите нас, вели Ана Софрониески, матурантка во кичевската гимназија. за/аа/