• недела, 22 декември 2024

Касами: Младите момчиња и девојчиња се приклучуваат на нашата програма, како и пензионери и работници кои дејствуват во сите сфери

Касами: Младите момчиња и девојчиња се приклучуваат на нашата програма, како и пензионери и работници кои дејствуват во сите сфери
Тетово, 10 октомври 2021 (МИА) - Движењето Беса вечерва пред жителите на Мала и Голема Речица ја откри својата понуда, а претседателот на партијата и кандидат за градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами во својот говор пред граѓаните рече дека оние кои најмногу сакаат промени се токму активистите на Движењето Беса и жителите на Мала и Голема Речица. -Во оваа кампања забележуваме дека структурата на Движењето БЕСА секојдневно се збогатува со различни луѓе од граѓанскиот сектор, деловниот сектор, здравството, образованието итн. Младите момчиња и девојчиња се приклучуваат на нашата програма, пензионери и работници, луѓе кои дејствуват во сите сфери.А ова резултат е дека имаме најсеопфатна програма, нашата програма има конкретни решенија за сите проблеми што ги има Тетово, рече Касами. Според него, со доаѓањето на Движењето Беса во централната власт, граѓаните почнале да ја чувствуваат промената. -Граѓаните почнаа да дишат послободно, додавајќи и ги промените што ги донесе министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа и неговиот тим, кој и покрај големите тешкотии направи и прави се за земјоделците од Полошкиот регион, нагласи Касами. Тој пред жителите на овие тетовски населби откри и еден долгоочекуван проект за нив. -Пред неколку дена во Тетекс 1 реков дека секој пат кога ги посетувам бастионите на Движењето БЕСА, доаѓа и некоја добра вест. Заедно со министерот Арјанит Хоџа, денеска, по сопствена иницијатива, не посетија некои инвеститори. Тие изразија подготвеност веднаш да започнат со инвестиција во Тетово: Тоа е фабрика за преработка на зеленчук, поточно преработка на компири, соодветно производство на помфрит и чипс, новиот инвеститор ќе отвори 60 нови работни места, а ние се согласивме дека Речица е најидеално место за ова инвестиција. Но, најдобриот дел од целата оваа работа е што тие ќе склучат договор со земјоделците. Од оваа година земјоделците на Речица ќе ги одгледуваат своите производи кои ќе имаат однапред договорна продажба. Во наредните денови ќе го претставиме конкретниот проект пред вас, рече Касами. Претседателот на Движењето Беса на овој централен собир за првпат ја откри и својата понуда за листата на советници од граѓанскиот сектор „Подобро за Тетово“, нудејќи ја функцијата заменик -градоначалник на Општина Тетово, со што уште еднаш се докажа дека како следен градоначалник на Општина Тетово ќе биде искрен соработник со сите, вклучително и со граѓанскиот сектор. бк/ац/  

Остани поврзан