Казината во Лас Вегас затворени поради Ковид-19
- Лас Вегас ги затвори казината со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус, изјави гувернерот на американската сојузна држава Невада, Стив Сисолак.
Лас Вегас, 18 март 2020 (МИА) - Лас Вегас ги затвори казината со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус, изјави гувернерот на американската сојузна држава Невада, Стив Сисолак.
- Тоа се однесува на здрав разум, истакна Сисолак на прес-конференција.
Затворени се и фитнес и рекреативните центри, ноќните клубови, кино салите и трговските центри.
- Пожарникарите, полицијата, сообраќајот, здравствените и социјалните центри, како и доставувачите на храна, ќе продолжат да работат, нагласи Сисолак.
Во САД се регистрирани 6.400 заболени лица од Ковид-19, а најмалку 109 се починати. гт/