• петок, 22 ноември 2024

Итен состанок на Советот за национална безбедност на Словенија поради ситуацијата во Италија

Итен состанок на Советот за национална безбедност на Словенија поради ситуацијата во Италија
Љубљана, 24 февруари 2020 (МИА) - Поради брзото ширење на коронавирусот во Италија, словенечките власти го свикаа Советот за национална безбедност, јави дописникот на МИА од Љубљана. И покрај тоа што во Словенија се уште нема потврден случај на лице заболено со Ковид-19, здравствените власти сметаат дека е само прашање на време кога и кај нив ќе се појави вирусот, имајќи предвид дека голем број словенечки граѓани секојдневно патуваат и се враќаат од Италија. Словенечкиот министер за здравство Алеш Шабедер изјави дека на состанокот ќе се направи план за преземање дополнителни мерки против евентуално ширење на вирусот и во Словенија. ав/гт/

Остани поврзан