• понеделник, 02 февруари 2026

Истражување: Брзиот раст на активна област на Сонцето може да предизвика магнетни бури на Земјата

Истражување: Брзиот раст на активна област на Сонцето може да предизвика магнетни бури на Земјата

Москва, 2 февруари 2026 (МИА) - Лабораторијата за соларна астрономија при Институтот за космички истражувања на Руската академија на науките (IKI RAN) предупреди дека брзиот раст на активна област на Сонцето може да доведе до појава на магнетни бури на Земјата.

„Активниот центар на Сонцето интензивно ја полни соларната корона со енергија (надворешниот дел на атмосферата на ѕвездата), која потоа се ослободува преку силни ерупции“, пренесува агенцијата „РИА новости“.

Научниците нагласуваат дека ерупциите би можеле да влијаат на Земјата од втората половина на утрешниот ден доколку растот на областа не запре. Засега точна прогноза не е можна бидејќи не е познато што се случува на длабочина од 100 до 200 илјади километри под површината на Сонцето. Од лабораторијата исто така соопштија дека од почетокот на годината на Сонцето се забележани две ерупции од класата X, како и повеќе силни ерупции од класите M и C, а првата ерупција од класата X во 2026 година била забележана на 18 јануари.

Соларните ерупции може да предизвикаат магнетни бури на Земјата, кои влијаат на енергетските системи и миграциските патеки на птиците и животните. мв/јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан