• петок, 05 декември 2025

Истрага против очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Истрага против очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Скопје, 4 ноември 2025 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против двајца сопружници осомничени за продолжено кривично дело – обљуба со злоупотреба на положбата, поради сомневање дека очувот подолг период сексуално злоупотребувал малолетно девојче, а мајката не го спречила ниту пријавила случајот.

Според обвинителството, осомничениот очув на жртвата подолг временски период ја злоупотребувал својата положба и го наведувал на обљуба и други полови дејствија девојчето родено 2009 година кое му било доверено на чување и воспитување.

-Кон дејствијата придонела и мајката на девојчето, која иако знаела, ниту го пријавила, ниту го спречила осомничениот во дејствијата. Со тоа не го заштитила детето од злоупотребите, иако девојчето во повеќе наврати барало помош од неа, велат оттаму.

Предметниот јавен обвинител предложил на осомничениот очув да му биде определена мерка притвор, додека за осомничената мајка се предложени мерки на претпазливост.

-Јавниот обвинител ќе се координира со Центарот за социјални работи за да се преземат дејствија за згрижување на трите малолетни деца во семејството, вклучувајќи ја и жртвата, дополнуваат од ЈО.ар/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан