• недела, 22 декември 2024

Израел жестоко ќе одговори на евентуален напад

Израел жестоко ќе одговори на евентуален напад
Тел Авив, 8 јануари 2020 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска предупреди дека Израел жестоко ќе одговори на секој напад и порача дека стои цврсто со Соединетите Американски Држави, како и дека го поддржува атентатот на иранскиот генерал Касем Сулејмани. - Кој ќе се обиде да нè нападне, ќе добие најсилен удар, порача Нетанјаху во Ерусалим. Тој рече дека Израел силно го поддржува американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека треба да му се честита за донесената брза, смела и одлучна одлука во врска со Иран. Иран претходно се закани дека ќе ги бомбардира Израел и Дубаи, доколку САД се одмаздат за иранскиот ракетен напад врз две бази со американски војници во Ирак. – Ги предупредуваме сите сојузници на САД кои дадоа бази на нивната терористичка армија дека секоја територија што служи како почетна точка за агресивни дејствија против Иран ќе биде гаѓана, соопшти Иранската национална гарда. паг/      

Остани поврзан