Изминатиот викенд 1172 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 459 за брзо возење
- Изминатиот викенд (9 и 10 август) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1172 издадени платни налози дури 113 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, информираат денеска од МВР.
Скопје, 11 август 2025 (МИА) - Изминатиот викенд (9 и 10 август) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1172 издадени платни налози дури 113 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, информираат денеска од МВР.
Истовремено 80 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 48 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитен шлем.
-Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата најмногу прекршоци во текот на викендот 459 се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 192 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани уште 38 лица кои некористеле сигурносен појас, 28 заради користење мобилен телефон при возење, четворица минале на црвено светло, а пет возачи се санкционирани поради не исполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата, велат од МВР.
Согласно Законот за возила, како што се наведува во соопштението, 29 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила. дма/
Фото:МИА архива