ИДФ проценува дека ќе ги заврши нападите врз речиси целата иранска воено-индустриска база во наредните денови
- Израелските одбранбени сили (ИДФ) проценуваат дека во наредните денови ќе го завршат таргетирањето на речиси сите клучни локации на иранската воена индустрија.
Тел Авив, 28 март 2026 (МИА) – Израелските одбранбени сили (ИДФ) проценуваат дека во наредните денови ќе го завршат таргетирањето на речиси сите клучни локации на иранската воена индустрија.
Одбранбената индустрија на Иран е обемна, со бројни воени тела и приватни компании кои произведуваат системи за оружје – или компоненти – вклучувајќи балистички ракети, противвоздушна одбрана, поморско оружје, кибер капацитети, па дури и шпионски сателити, пренесе Тајм оф Израел.
Израелските воздухопловни сили досега таргетираа илјадници средства на иранската воена индустрија за време на војната, или околу 70 проценти, а ИДФ соопшти дека сега е близу до целта од 90 отсто на клучните локации што се користат за развој на оружје кое е закана за Израел. јт/
Фото: ИДФ на Х