• недела, 22 декември 2024

„Игри без граници“ со лицата со Даунов синдром

„Игри без граници“ со лицата со Даунов синдром

Скопје, 30 октомври 2022 (МИА) - Во организација на Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром Трисомија 21-Скопје и студентите од Филозофски факултет при УКИМ денеска се одржа третиот рекреативниот настан „Игри без граници“ каде учесници беа лицата со Даунов синдром.

-Во овој последен сончев викенд во месец Октомври, месецот за подигање на јавната свеста за постоењето и потребите на лицата со Даунов синдром, порачуваме дека Ние сме тука мегу вас, сакаме да пееме, да танцуваме, да спортуваме и највеќе сакаме да ни подадете рака  да се дружиме со вас, се наведува во соопштението на Трисомија 21. бк/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан