• петок, 22 ноември 2024

Заев: Барам чист мандат за да ги уверам граѓаните каков економист знам да бидам

Заев: Барам чист мандат за да ги уверам граѓаните каков економист знам да бидам
Скопје, 3 февруари 2020
 
„Барам чист мандат на следните избори и повикувам за СДСМ да гласаат и граѓаните од другите етнички заедници. На 12-ти април излегуваме со очекувањето дека напредокот на државата ќе продолжи и дека никогаш повеќе нема да се врати режимското владеење на ВМРО ДПМНЕ. Нам не ни треба нови кавги со Албанците дома и со соседните држави. НАТО и ЕУ се затворени прашања, односите дома меѓу заедниците исто така, затоа барам мандат за да видат граѓаните каков економист можам да бидам. Сакам судството да го изнесам на прав колосек и затоа ќе го прочистиме, образованието да го направиме конкурентно со профилирани кадри, здравството да има мотивирани лекари, да создаваме современа култура, а не античка, како и да ги зголемиме социјалните трансфери, платите и пензиите“- изјави претседателот на СДСМ во интервјуто за ТВ Клан.
Тој изрази увереност дека е сигурен победник на изборите затоа што граѓаните знаат дека државата оди на правиот пат и дека секоја друга алтернатива ќе значи враќање на државата 25 години назад, а со тоа актуелизирање и на старите проблеми.
„Имавме БДП со минус 1.8 проценти, а сега имаме 3.6 во позитива, или тоа значи дека БДП пораснал за 5.4 отсто. Не водат како држава со најголеми странски инвестиции во југоисточна Европа. Да не заборавиме дека минимланата плата ја зголемивме за 60 отсто и сега е 14.500 денари. Просечната плата е речиси 27.000 и атакуваме кон целта да стигнеме до 30.000 денари. Пензиите ги зголемуваме во континуитет и таквиот тренд ќе продолжи. И сето ова го направивме во преполовен мандат, на почетокот заради формирање на Влада, а сега заради предвремени избори, но сето тоа ни дава храброст и мотив да продолжиме од каде што сме“- зборуваше Заев.
Двете стратешки цели се исполнети на меѓународен план и веднаш се забалежителни резултати во економијата.
„ВМРО ДПМНЕ 11 години владееше и не направи ниту еден чекор да и помогне на државата. Мицковски од што посакува да биде премиер, не излегува од својата перцепција на работите. За да имате аргументи мора да настапите со понуди, со програма, а тие само не оддалечуваа од НАТО и ЕУ. ВМРО ДПМНЕ измислуваше проекти, како Скопје 2014 и така направи приватниот сектор да зависи од државните пари. Ние отворивме 60.000 работни места и тоа претежно во приватниот сектор. Во администрацијата вработуваме профсионални кадри. Секој ден ми се јавуваат за нечие вработување, но јас сакам да има критеруми, рангирање на кандидатите за да има место за најдобрите“- изјави Заев.
Во врска со локаниот економски развој Заев потсети дека државата издвои 50 милиони евра за општините за да можат да ги надоместат долговите, а дека сега ќе се инвестираат 55 милиони евра за развој на водоводните мрежи, канализацијата, но најави и реконструкција и изградба на локланите патишта. За две години СДСМ има изградено патишта во должина од 750 километри.
„Ќе ве потсетам на една средба со еден жител на Арачиново кога зборувавме за отворената и мултиетничка програма на СДСМ, тој ми рече дека на Албанците не им треба кантонизација, туку канализација. И еве, проектот се спроведува. Ние сме тука за реалните проблеми на граѓаните и затоа очекувам поддршка од сите“- заврши Заев.
Центар за комуникации на СДСМ 
______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан