• петок, 05 декември 2025

Ерупција на вулканот Шинмое во Јапонија, пепелта се крена до 5,5 километри во воздухот 

Ерупција на вулканот Шинмое во Јапонија, пепелта се крена до 5,5 километри во воздухот 

Токио, 29 август 2025 (МИА) - Вулканот Шинмое на јапонскиот остров Кјушу еруптираше денеска, исфрлајќи пепел 5.500 метри во воздух, објави локалната канцеларија на Јапонската метеоролошка агенција.

Ерупцијата се случи утрово во 4:53 часот по локално време.

Јапонската метеоролошка агенција го зголеми нивото на тревога на три од пет, повикувајќи ја јавноста да се воздржи од приближување кон кратерот.сд/

фото:Х

Остани поврзан