• петок, 22 ноември 2024

Еко-Свест: Меморандуми за идните градоначалници да се придржуваат до принципите за праведна транзиција

Еко-Свест: Меморандуми за идните градоначалници да се придржуваат до принципите за праведна транзиција
Скопје, 9 октомври 2021 (МИА) - Со цел да се поттикне процесот на праведна транзиција во Северна Македонија Еко-Свест ги повикува кандидатите за градоначалници на локалните избори 2021 за регионите во кои се врши експлоатација на јаглен како и сите региони со отворени рудници и регионите на чија територија има индустриски капацитети со високи емисии на стакленички гасови, да се обврзат дека ќе ги почитуваат осумте основни принципи на праведна транзиција. Разбирање на концептот праведна транзиција, определување на релевантното територијално подрачје, познавање на потенцијалот на регионот, согласност од оние кои ги донесуваат одлуките, спроведување консултации со заедницата, учење од успешните приказни (споделување на искуства), поддршка на централно ниво и идентификување финансиски инструменти, се осумте принципи кои се наведени во меморандумите до градоначалниците. - Токму заради преземање заеднички активности за ублажување и прилагодување на климатските промени, вкупно 197 држави се посветија на тоа да ги елиминираат штетните активности и да ги променат своите потрошувачки практики со потпишување на Парискиот договор, велат од Еко-свест. Тие потсетуваат дека и Северна Македонија треба да даде свој придонес во ограничувањето на глобалното зголемување на температурите од прединдустриски нивоа под 2 степени Целзиусови, но со цел да се сведе на 1,5 степени Целзиусови, како и да се преземат мерки за намалување на националните емисии на стакленички гасови и прилагодување на кон климатските промени. - Она што е најважно е да се започне со праведна транзиција за борба против климатските промени и понатаму да развиваат достојна работа и квалитетни работни места во согласност со развојните приоритети утврдени на национално ниво, додаваат од Еко-свест. мс/бк/  

Остани поврзан