• понеделник, 23 декември 2024

Еди Фалко: Со Гандолфини бевме како две деца што си играат во песок

Еди Фалко: Со Гандолфини бевме како две деца што си играат во песок
Лос Анџелес, 19 октомври 2021 (МИА) - Глумицата Еди Фалко смета дека глумењето со нејзиниот партнер во „Сопранови“ - Џејмс Гандолфини, било како „две деца што си играат во песок“. Таа во новото интервју за „Њујоркер“, потсети и дека тие имале слично потекло, па можеби затоа се разбирале така добро меѓу себе. - Не знам како да го објаснам ова. Ние бевме обични деца од средната класа, од приградски населби кои „по правило“ никогаш не треба да станат славни глумци. Јас толкував, а тој ме гледаше како цело време да сака да каже: „Што, по ѓаволите, се случува!?“ ...Се сеќавам, кога се собравме за втората сезона, тој ми рече: „Да, добро, едноставно немам поим што, по ѓаволите, направивме, но треба да се обидеме да го направиме тоа повторно“. И, јас реков: „Те слушам. Не знам. Ќе правиме нешто", раскажува Фалко. Гандолфини почина 2013 година. - Тој беше тотален „анти-глумец“ и беше неверојатно самопонижувачки настроен. И, ми беше вистински сродна душа во тој поглед. Не трошевме многу време зборувајќи за сценаријата... Тоа беше како две деца кои си играат во песокот, целосно потопени во нивниот замислен свет. Така се чувствував спроти Џим (Гандолфини), раскажува таа. По успехот на серијата „Сопранови“, Фалко продолжи да глуми во „Медицинската сестра Џеки“. За оваа улога, таа ја доби и својата четврта Еми-награда во 2010 година. Синот на Џејмс, Мајкл Гандолфини неодамна ја повтори улогата на неговиот покоен татко во филмот „Сите светци на мафијата“, што е претпродолжение на „Сопранови“.  си/

Остани поврзан