Евробаскет 2025: Турција со убедлива победа над Грција до финалето
- Репрезентацијата на Турција избори пласман во финалето на Евробаскет откако вечерва ја надигра Грција со 94:68
Рига, 12.септември 2025 (МИА) – Репрезентацијата на Турција избори пласман во финалето на Евробаскет откако вечерва ја надигра Грција со 94:68 (26:16; 23:15; 23:20 и 22:17). Противник на Турција во финалето ќе биде селекцијата на Германија, која во првото полуфинале ја совлада Финска со 98:86.
Доминацијата на Турција беше во текот на целиот натпревар, а тимот на Ергин Атаман (селектор на Турција) ги доби сите четири периоди. Турција во еден момент водеше со 30 поени (91:61).
Ерсан Османи со 28 поени и Чеди Осман со 17 беа најефикасните во составот на Турција, додека комплетно потфрли во грчкиот состав нивниот прв играч Јанис Адетокумбо, кој постигна 12 поена со 12 скока.
Финалето Германија – Турција се игра в недела во 20 часот, а додека малото финале меѓу Финска и Грција в недела почнува во 16 часот. мн/
Фото: ЕПА