Државно првенство на бармени
- Здружението на бармени на Македонија денеска ќе го организира 16. Државно првенство на бармени.

Скопје, 23 април 2025 (МИА) - Здружението на бармени на Македонија денеска ќе го организира 16. Државно првенство на бармени.
Натпреварот ќе се одржи во хотел „Мериот“ во Скопје. Ќе почне претпладне со квалификации, а финалето ќе биде од 18 часот.
Победникот на натпреварот ќе ја претставува државава на Светското првенство на бармени кое ќе се одржи во ноември во Колумбија.
Повеќе информации за натпреварот се достапни на www.bar.mk хс/лв/
Фото: Здружение на бармени на Македонија