• четврток, 04 декември 2025

Државниот пазарен инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти пред празниците

Државниот пазарен инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти пред празниците

 Скопје, 1 декември 2025 (МИА) - Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најави дека во пресрет на празниците и очекуваниот зголемен број прослави ќе спроведува засилени инспекциски надзори во угостителските објекти. Целта е да се спречат нерегуларности во работењето и да се обезбеди заштита на гостите.

Од Инспекторатот апелираат до угостителите да постапуваат совесно и да ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат на нивното работење особено во делот на дозволениот број на гости, работното време, Законот за заштита од пушење и сите други одредби.

Државниот пазарен инспекторат најави дека соодветно ќе реагира за непочитување на законските обврски и ќе превземе мерки и санкции согласно законите.

Од ДПИ ги повикуваат граѓаните секоја неправилност да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или www.dpi.gov.mk.

дма/вг/

Фот:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан