Дресен заврши прв на „домашниот“ спуст во Гармиш-Партенкирхен
- Томас прв се спушти на патеката и забележа време од 1: 39,31 минути, што се покажа како недостижно за сите негови други конкуренти.
Гармиш-Партенкирхен, 1 февруари 2020 (МИА) - Томас Дресен продолжи да пишува историја за германското скијање во Светскиот куп во алпски дисциплини, освојувајќи го „домашниот“ спуст во германскиот зимски центар Гармиш-Партенкирхен.
Томас прв се спушти на патеката и забележа време од 1: 39,31 минути, што се покажа како недостижно за сите негови други конкуренти.
Норвешкиот специјалист во брзински дисциплини, Александар Омод Килде заврши на второто место, правејќи грешка на почетокот на својата трка и излезе од совршената линија, но потоа избриша повеќе од половина секунда заостанување. Сепак, тој остана 0,16 секунди од времето на победникот, победувајќи го со само 0,01 секунди третиот Јоан Кларе од Франција.
Дресн е рекордер кај Германците со четири победи воспуст за Светскиот куп, откако го освои и првиот старт во дисциплината оваа сезона во Лејк Луис. Последниот победник за домаќините (и со пласман на подиумот воопшто, заедно со Ханс Јорг Таушер) во Гармиш-Партенкирхен беше Маркус Васмаер уште во 1992 година.
Беат Фојц, кој заврши на шестото место денеска, останува на врвот со 520 бода, следен од Доминик Париз со 384,кој е аут докрајотна сезоната. Омод Килде е трет со 307, а победникот денес, Дресен веќе има 306 поени на четвртото место.