• петок, 22 ноември 2024

Доживотен затвор за 121 лице поради обидот за воен преврат во Турција

Доживотен затвор за 121 лице поради обидот за воен преврат во Турција
Анкара, 26 јуни 2020 (МИА) - Суд во Анкара осуди на доживотен затвор 121 лице за наводна вмешаност во обидот за воен преврат во 2016 година, јави Анадолија. Судот осуди на строг доживотен затвор 86 лица поради „обид за кршење на Уставот“ и уште 35 луѓе на доживотен затвор. Строг доживотен затвор предвидува потешки услови во затворот. Турција го обвинува Фетулах Ѓулен за обидот за воен удар на 15 јули 2016 година и досега затвори илјадници луѓе за наводни врски со него. Од декември минатата година досега, 1.934 лица се осудени на доживотен затвор. гт/

Остани поврзан