• понеделник, 23 декември 2024

Димковски: 12 милијарди денари за земјоделски буџет, инвестираме во модернизација на македонското земјоделство

Димковски: 12 милијарди денари за земјоделски буџет, инвестираме во модернизација на македонското земјоделство

Скопје, 1 јули 2023 

За СДСМ развојот на земјоделството и поддршката за нашите земјоделци е врвен приоритет.

За таа цел, одвоивме рекордни средства од над седум милијарди денари за субвенции на сите земјоделци и за стабилно и квалитетно домашно производство на храна.

И во услови на досега најголема глобална економска, енергетска и прехранбена криза, го обезбедивме најголемиот земјоделски буџет од речиси 12 милијарди денари за оваа година.

Со цел модернизација на земјоделското производство, со 500 милиони денари поддржуваме набавка на нови трактори, мерка со која Министерството кофинансира и до 75 отсто од вредноста на тракторот.

Оваа мерка е исклучително примамлива за земјоделците а показател за тоа е и бројот од 2.453 барања кои комплетно ги исполнуваат критериумите пропишани во јавниот повик, а од нив 730 договори веќе се вклучуваат.

Покрај ова, во текот на оваа недела, на над 8.400 корисници им се исплатени 232,2 милиони денари финансиска помош за користен сертифициран семенски материјал за сите полјоделски култури, освен тутунот.

Речиси и да нема гранка во земјоделството што не ја поддржуваме со сериозни финансиски средства.

Па така, воведовме нова мерка за дополнителна субвенција за остварено производство на јачмен.

Со оваа мерка, 12.000 денари по хектар, без скалесто субвенционирање, добиваат производителите на јачмен, кои своето производство го имаат продадено во домашни преработувачки капацитети, домашни фарми, или пак го искористиле во сопствените фарми, притоа остварувајќи минимален принос од 3.000 кг/ха.

Сето ова е само мал дел од сработеното во овој период што на дело ја покажува нашата грижа за земјоделството како клучна гранка на македонското стопанство.

Ние, заедно со земјоделците, продолжуваме да креираме мерки и политики што го зголемуваат домашното земјоделско производство и ги унапредуваат условите за работа на земјоделците.

 

Трајан Димковски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото МИА архива

Остани поврзан