• петок, 06 март 2026

Дигитални фотограми – изложба на Стојанче Величковски во Кочани

Дигитални фотограми – изложба на Стојанче Величковски во Кочани

Кочани, 25 септември 2025 (МИА) - Стојанче Величковски денеска се претстави пред публиката во Кочани со својата изложба од динамични фотограми изработени со дигитален фотографски  апарат.

Изложбата е дел од неговата магистерската теза и се состои од четириесетина фотограми поставени во салонот „Фоаје 2“ на ЦК „Бели мугри“ каде што ќе можат да се погледнат во наредните две недели.

Според авторот Величковски, станува збор за збирка од уметнички дела изработени со дигитален фотографски апарат, што се базира на една древна техника наречена - „фотограми“.  

-    Во денешни услови збирката е направена со  експериментална техника со исклучување на сите додатни автоматски подесувања на дигиталниот фотографски апарат. Таа е настаната како плод на дваесетгодишни истражувања во областа на експерименталната фотографија, нагласи на отворањето на изложбата Величковски, кој е хералдичар и потекнува од Крива Паланка. 

Изложбата досега е претставена во речиси сите домови и центри на културата во источниот дел од државава. ис/хс/

Фото: МИА

Остани поврзан