Де Лихт трет фудбалер на Јувентус позитивен на коронавирус
- Тој е третиот фудбалер позитивен на Ковид-19 во редовите на Јувентус од почетокот на оваа недела, по Алекс Сандро и Хуан Квадрадо.
Торино, 8 јануари 2021 (МИА) – Актуелниот италијански фудбалски првак Јувентус соопшти вечерва дека холандскиот дефанзивец Матис Де Лихт е заразен со коронавирус.
Тој е третиот фудбалер позитивен на Ковид-19 во редовите на Јувентус од почетокот на оваа недела, по Алекс Сандро и Хуан Квадрадо.
Јувентус во моментов е четвртопласиран во Серија А со 30 бодови, седум помалку од лидерот Милан. ег/