• недела, 22 декември 2024

Де ла Фуенте: Јамал треба да порасне и да стекне нови вредности

Де ла Фуенте: Јамал треба да порасне и да стекне нови вредности

Мадрид, 26 јули 2024 (МИА) - Селекторот на шпанската репрезентација Луис де ла Фуенте го сподели своето мислење за иднината на 16-годишниот напаѓач на Барселона Ламин Јамал.

Му рекол да биде смирен, да биде трпелив и дека истите луѓе кои му ласкаат и го фалат сега, нема да се срамат да го кажат спротивното доколку потфрли во иднина.

-Ламин мора да стане посилен лично, да продолжи да расте како личност и да стекнува нови вредности. Благодарение на ова, тој ќе расте професионалец, изјави Де ла Фуенте, цитиран од „Марка“.

На Евро 2024, Јамал одигра седум натпревари за шпанската репрезентација, постигнувајќи еден гол и четири асистенции. На турнирот ја доби наградата „Најдобар млад играч“.

Шпанецот стана најскапиот фудбалер по резултатите на Европското првенство во Германија. Сега неговата вредност се проценува на 120 милиони евра. дс

Фото: Архива

Остани поврзан