• петок, 22 ноември 2024

Дебарскиот муфтија се сретна со претставници на дебарската дијаспора во САД 

Дебарскиот муфтија се сретна со претставници на дебарската дијаспора во САД 
Дебар, 25 август 2021 (МИА) - Дебарскиот муфтија Решат Качалнику, во просторите на муфтиството, во братска атмосфера и во дух на соработка и солидарност, оствари средба со сонародници кои живеат и работат во Соединетите американски држави, информираа од муфтиството. - Во свое лично и во име на целиот верски персонал на муфтиството, како и на сите верници, муфтијата преку гостите на оваа средба, ја искористи приликата да им се заблагодари на сите сонародници кои живеат  и работат во западно европските земји и преку океанот, за придонесот и солидарноста покажана во секоја прилика и можност, во сите сфери на општествениот и верскиот живот во земјата, особено во овој турбулентен период на глобална пандемија, велат од муфтиството. Од друга страна, гостите, откако му честитале на Качалнику за новата функција и светата верска мисија, на средбата биле разменети мислења  за многу актуелни теми. - Посебно покажаа интерес  за младите во Дебар, особено за нивните професионални вештини, за нивно академско напредување и пред се за морална чистота, во време кога се соочуваат со многу девијантни елементи. Но, тие исто така ги анализираа старите и актуелните проблеми со кои се соочуваат граѓаните секојдневно и за нивните причини и се обидуваа да дадат решенија или позитивни алтернативи во корист на граѓаните, посочуваат од муфтиството. Нагласуваат дека главните грижи на овој град остануваат исти,  недостигот на вода за пиење во летниот период, јавната нехигиена, недостигот на паркинг простор и некои други прашања. - Констатираа дека чувствуваат враќање на кредибилитетот на локалните, политичките и верските институции, но во исто време се заинтересирани да соработуваат со лојалност, транспарентност во отчетноста и во јавните проекти, особено во оние кои планираат да ги поддржат со сопствени средства.На крајот, бидејќи сме во предизборен период, тие очекуваат Дебар да покаже висока култура во изборните денови, како што доликува на нашиот град и култура, нагласуваат од муфтиството. вт /цр

Остани поврзан