• вторник, 17 декември 2024

Движењето „Поддршка за онлајн настава“ бара второто полугодие од учебната година да почне онлајн

Движењето „Поддршка за онлајн настава“ бара второто полугодие од учебната година да почне онлајн
Скопје, 10 јануари 2022 (МИА) - Движењето „Поддршка за онлајн настава“ произлезено од Фејсбук група која брои 15 илјади членови денеска на прес-конференција побара второто полугодие од учебната 2021/22 да почне со онлајн настава. - Ние не сме способни да имаме комбирнирана, не сме способни да имаме ни со физичко присуство настава, затоа што децата во една училница со 30-40 метри квадратни го пренесуваат вирусот многу брзо. Шансата за заразување е многу голема. Ги фрламе во оган не само децата, туку и нивните родители, бабите, дедовците, цели семејства, изјави Ана Глигорова, претставник на движењето „Поддршка за онлајн настава“. Апелираше до министерот за здравство и министерката за образование и наука, односно Комисијата за заразни болести да дадат предлог до Владата нивното барање да се реализира. - Ако со делтата и со првиот вухански сој се заразуваа еден, дајца, во овој случај се заразуваат буквално сите. Сметаме дека во училиштата досега не се придржуваа до протоколите во првото полугодие, децата се заразуваа во ноември иако тоа се криеше, дел од децата кои беа онлајн според законот беа изложени на мобинг од страна на одредени наставници, не беа ни вклучувани. Имаме дете од внатрешноста на Македонија кое цело прво полугодие не било вклучено, одземено му е уставното право на образование на тоа дете, кое е шесто одделение. Сега таткото презема правни мерки да го реши случајот. Се работи за огромен број случаи кои едноставно сакаат онлајн настава во второто полугодие поради здравствениот ризик во земјава, рече Глигорова. Правото на образование, наведе таа, е загарантирано со Уставот, а дел од законите се грубо прекршени. - Во моментов имаме нагорна линија на позитивни лица на корона вирусот, па сметаме дека нема услови за настава со физичко присуство во тесни училници, непочитување на протоколи, нетестирање на ученици и персонал, отворени прозорци во зимски услови, поради што за кратко време ќе се доведат во смртна опасност голем број на семејства, велат од Движењето „Поддршка за онлајн настава“. мс/лв/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан