• понеделник, 23 декември 2024

Дванаесет македонски џудисти на Европскиот куп за јуниори и јуниорки во Скопје

Дванаесет македонски џудисти на Европскиот куп за јуниори и јуниорки во Скопје

Скопје, 10 август 2023 (МИА) – На Европски куп во џудо за јуниори и јуниорки што ќе се одржи на 12 и 13 август, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, се очекуваат 200 натпреварувачи, меѓу нив и 12 македонски.

- По неколкумесечна напорна работа, конечно сме подготвени за почетокот на Европскиот џудо куп за јуниори и јуниорки, настан кој дефинитивно ја враќа Македонија на европската џудо мапа. Очекуваме повеќе од 200 џудисти од цела Европа кои на македонската публика, но и на вљубениците во џудото од целиот регион ќе им понудат одлични борби. Особено нѐ радува фактот што помеѓу овие 200 натпреварувачи имаме 12 македонски репрезентативци, изјави Владимир Трпаноски, претседател на Џудо федерацијата на Македонија.

 

Официјалните мерења и ждрепката се предвидени за утре, а прелиминарните борби започнуваат в сабота во 10 часот. Свеченото отворање е предвидено во 17 часот истиот ден, а по неговото затворање ќе следи финалниот блок кој ќе ги даде имињата на првите шампиони. Борбите продолжуваат и в недела повторно со почеток од 10 часот.

 

Влезот за сите натпревари кои викендов ќе се одржат во спортската сала „Јане Сандански“ ќе биде бесплатен.

 

По завршувањето на купот, ќе се одржи и Јуниорски тренинг камп, од 14-16 август исто така во салата „Јане Сандански“ во Скопје. зс/

Остани поврзан