• петок, 05 декември 2025

Данев: Респект за Италија, но одлучни сме дека одиме на триумф

Данев: Респект за Италија, но одлучни сме дека одиме на триумф

Охрид, 8.септември 2025 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 21 година на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид го одработи последниот тренинг пред утрешниот квалификациски натпревар против Италија. Противникот е фаворит во дуелот ќе се игра утре на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, со почеток од 18:15 часот.

-  Очекувам прекрасна атмосфера, полн стадион и победа на Македонија. Кога го носиме македонскиот дрес, императивот секогаш е победа. Респект за Италија, знаеме што значи таа репрезентација за светскиот фудбал, но ние сме одлучни и утре ќе одиме на триумф. Италија е силна во организацијата на играта, треба да бидеме компактни во дефанзива и доволно брзи во нападот. Секоја екипа има слабости, ќе дадеме сè од себе да ги искористиме и во Битола да ја израдуваме Македонија, тоа би била нашата честитка за големиот празник, изјави репрезентативецот Димитар Данев.

Нашата репрезентација во првиот натпревар загуби на гостувањето кај Полска со 3:0. мн/

Фото: ФФМ

Остани поврзан