Грчката област Еврос ќе продолжи да се снабдува со вода за наводнување од бугарската река Арда
- Заедничка декларација за користење на водите на реката Арда потпишале вчера шефовите на грчката и бугарската дипломатија Јоргос Герапетритис и Георг Георгиев, по преговорите меѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји, во координација со надлежните Министерства за животна средина, за енергетика и за земјоделство, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 3 мај 2025 (МИА) – Заедничка декларација за користење на водите на реката Арда потпишале вчера шефовите на грчката и бугарската дипломатија Јоргос Герапетритис и Георг Георгиев, по преговорите меѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји, во координација со надлежните Министерства за животна средина, за енергетика и за земјоделство, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.
- Со Заедничката декларација се гарантира од страна на Бугарија обезбедување на доволна количина вода за период од пет години, со што се обезбедува непречено функционирање на системот за наводнување и земјоделското производство во пограничниот регион на Еврос, по истекот на соодветниот 60-годишен меѓувладин договор меѓу Грција и Бугарија, пишува во соопштението од грчкото МНР.
Конкретниот 60-годишен договор со Бугарија за користење на водите на реката Арда за наводнување на северниот дел на Еврос, потпишан како како воена отштета на Грција, истече на 9 јули минатата година.
По преговорите што тогаш ги одржаа двете земји, беше потпишан привремен договор до крајот на септември 2024 година за да се обезбеди непречено продолжување на користењето на водата од реката од грчките земјоделци до крајот на сезоната за наводнување. ср/
Фото:Архива МИА