Грција започнува со издавање потврда за вакцинација
- Од денеска во Грција започнува издавањето на дигиталната потврда, односно сертификатот за вакцинација, за сите оние кои ја примиле и втората доза од вакцината, јави дописничката на МИА од Ати

Атина, 19 февруари 2021 (МИА) – Од денеска во Грција започнува издавањето на дигиталната потврда, односно сертификатот за вакцинација, за сите оние кои ја примиле и втората доза од вакцината, јави дописничката на МИА од Атина.
Сертификатот за вакцинација е достапен преку специјалниот сајт на грчката Влада за електронско издавање документи, а како што пишува во објаснувањето, потврдата има „единствен код за верификација и напреден електронски печат и може или да се испраќа по електронски пат или испечатена да се доставува до јавните служби“.
Министерот за дигитална политика Кирјакос Пиеракакис за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека „дигиталниот сертификат е безбеден, не може да се фалсификува и има електронски печат“. ср/зш/