Граѓаните го прославуваат историскиот успех на македонската фудбалска репрезентација
- По победата на македонската фудбалска репрезентација на натпреварот против Грузија и пласманот на европското првенство граѓаните во главниот град слават.
Скопје, 12 ноември 2020 (МИА) - По победата на македонската фудбалска репрезентација на натпреварот против Грузија и пласманот на европското првенство граѓаните во главниот град слават.
Македонската фудбалска репрезентација за прв пат во својата историја обезбеди учество на едно големо натпреварување. Предводени од капитенот Горан Пандев, “црвено-жолтите“ вечерва во Тбилиси, во баражот за Европското првенство 2020, ја совладаа Грузија со 1:0.
Стрелец на победничкиот гол беше Пандев во 56. минута по одличната акција во која учествуваа и Елиф Елмас и Илија Несторовски. сст/дма/