• понеделник, 23 декември 2024

Град Скопје и средните училишта организираат активности во рамки на „Вечери на женски права 2022“

Град Скопје и средните училишта организираат активности во рамки на „Вечери на женски права 2022“
Скопје, 22 март 2022 (МИА) - Град Скопје и UNWOMEN  го организираат 13-тото издание на „Вечери на женски права 2022“. За таа цел, во текот на наредните денови, до четврток во Кинотеката на Македонија организирани се филмски проекции со ученици од градските средни училишта. -Вечерите на женски права“ се исполнети со прикажување на документарни филмови кои се проследени со дебати, изложби, промоции на книги и предавања, како и со вклучување на средните училишта во Скопје, со цел родово сензибилизирање на средношколците и професорите и подигнување на свеста и разбирањето на важноста за концептот на родова еднаквост, велат од Град Скопје. На вчерашната програма беше прикажан чешкиот документарен филм „Фатени во мрежата“ во режија на Вит Клусак и корежија со Барбора Чалупова. ки/ац/

Остани поврзан