• четврток, 15 август 2024

Градоначалникот Сарамандов се сретна со стопанственици од Општина Гевгелија

Градоначалникот Сарамандов се сретна со стопанственици од Општина Гевгелија
Гевгелија, 7 февруари 2022 (МИА) - Актуелната состојба во повеќе дејности од гевгелиската економија,беше главна тема на серијата состаноци што градоначалникот Андон Сарамандов ги одржа со претставници на бизнис заедницата од општина Гевгелија. Од стопанствениците, Сарамандов се интересираше да биде запознаен со актуелните состојби во повеќе економски гранки при што стопанствениците ги изнесоа тешкотиите со кои тие се справуваат при работењето во услови на пандемијата, која се уште е присутна, како и со последиците од енергетската криза за кои велат дека допрва им престојат. Откако беше проанализирана актуелната состојба во локалната економија и беа детектирани итните потреби на компаниите од гевгелискиот регион, градоначалникот Сарамандов вети дека, во согласност со можностите, општина Гевгелија ќе настојува да ги подобри условите за поволна бизнис клима, како и за ублажување на последиците од здравствената и енергетската криза.им/свс

Остани поврзан