• четврток, 04 декември 2025

Геи пред заминување од Кристал Палас

Геи пред заминување од Кристал Палас

Лондон, 10.август 2025 (МИА) - Кристал Палас и Ливерпул попладнево го играат првиот официјален натпревар сезонава во Англија, популарниот Комјунити Шилд. Дуелот на шампионот (Ливерпул) и освојувачот на ФА купот од ланската сезона (Кристал Палас).

Но, двата клуба овој преоден рок ги врзува и потенцијален трансфер на играчот од одбраната на Кристал Палас, Марк Геи. 25-годишниот англиски репрезентативец е во последната година од договорот и секако ова е шанса за Кристал Палас со продажба да заработи бидејќи заминување следната година ќе значи како слободен играч. 

Од друга страна Ливерпул во плановите има купување на централен дефанзивец, како потенцијална замена за Ибрахим Конате доколку замине, но и како уште една опција во одбраната.

Цената за обештетување се наведува околу 45 милиони евра.  мн/

Фото: МИА

Остани поврзан