• вторник, 05 ноември 2024

Германски политичар загина од удар на гром

Германски политичар загина од удар на гром
Берлин, 15 јуни 2020 (МИА) - Локален политичар од владејачката Христијанско-демократска партија (ЦДУ) од германскиот град Хенштет загина од удар на гром. Политичарот Нико К. бил со пријателите на забава „под ведро небо“, кога започнало невреме. Според весникот „Билд“, пред да си замине од забавата тој случајно се нашол во близина на електричен столб, во кој удрил гром. Нико К. имал големи политички амбиции и планирал наскоро да влезе во окружниот совет, за кој се надевал дека ќе му биде „отскочна даска“ кон повисоки политички функции. гт/

Остани поврзан