• петок, 15 ноември 2024

Георгиевски: Гази Баба е општина во која се инвестира за подобар живот на жителите

Георгиевски: Гази Баба е општина во која се инвестира за подобар живот на жителите
Скопје, 27 септември 2021 Горд сум зашто и покрај светската пандемија, реализиравме повеќе од 80 проценти од програмата за која ми ја дадовте довербата во 2017-та. Не ве изневерив. Наследив заборавена општина, со долг од над 2 милиони евра. Места без вода и канализација. Овие 4 години, за прв пат во историјата на Гази Баба, буџетот е реализиран со 80 проценти. Касата е полна, долговите се вратени. Парите се враќаат назад кај граѓаните за нови проекти. Ние не градиме споменици и фонтани, туку водоводи, канализации, градинки и училишта. Ние не ветуваме, туку посветено работиме и ги решаваме проблемите во секое населено место. Денес, Гази Баба е општина во која се инвестира за животот на жителите да е подобар, а нивните имоти да вредат повеќе. За само четири години, изградивме 23 километри водоводна и канализациска мрежа во населените места Раштак, Булачани, Трубарево, Гоце Делчев, Смилковци, Црешево, Попово Маало, Јурумлери. Ја изградивме и ставивме во функција пречистителната станица во Јурумлери и ги поврзавме првите 140 домаќинства. Изградивме 48 километри патишта, булевари и улици. Ја изградивме градинката „Пеперутка“ во Стајковци и ги реновиравме сите 11 детски градинки. Отворивме нови 300 места во градинките. Во време на пандемија, обезбедивме 900-тини таблети за децата. Учениците од „Вера Јоциќ“ во Хиподром сега имаат нова зграда и нова спортска сала. Ги реновиравме сите 11 основни училишта во општината. Градиме нова спортска сала во училиштето во Стајковци, нов дневен центар за деца со попреченост и центар за сензорна интеграција во Железара. Започнуваме со изградба на нова зграда за основното училиште „Крсте Мисирков“. Младите ја добиваат својата шанса. Доделуваме грантови за самовработување, грантови на студентите иноватори, стипендии за талентирани ученици и спортисти. Отворивме 4000 нови работни места во 15-те нови инвестиции кој влегоа во нашата општина. ЈКП Гази Баба стана вистински сервис на граѓаните, вложувајќи преку 10 милиони денари во набавка на опрема и механизација. Токму затоа на овие избори исправено стојам пред вас и ја барам поддршката за нов четири годишен мандат. За да ги продолжиме веќе започнатите проекти. Докажавме дека можеме поинаку. Дека со посветена работа може да се решаваат проблемите во населените места. И покрај сите блокади кој ги имав досега од Советот, успеавме Гази Баба да ја направиме подобро место за живеење. Пред вас ја нудиме програмата со која го носиме НАЈДОБРОТО ЗА ГАЗИ БАБА. Програма која заедно со вас ја пишувавме и нуди реални решенија за проблемите кој ги имате во вашето маало и населено место. Со неа ќе тропнеме на секоја врата, ќе дојдеме во секое маало и населено место, за да ја понудиме нашата визија и заедно да го направиме најдоброто за Гази Баба. Приклучете ни се! Заедно да го направиме НАЈДОБРОТО ЗА ГАЗИ БАБА. Прес-конференција на кандидатот и актуелен градоначалник на општина Гази Баба, Борис Георгиевски ______________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан