• недела, 22 декември 2024

Георгиева: Состојбата во светската економија и понатаму е тешка, но помалку лоша од пред неколку месеци

Георгиева: Состојбата во светската економија и понатаму е тешка, но помалку лоша од пред неколку месеци

Вашингтон, 6 февруари 2023 (МИА) - Состојбата во светската економија и понатаму е тешка, но можеме да кажеме дека е помалку лоша отколку пред неколку месеци, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева во интервју за Си-Би-Ес.

„Фондот очекува големото зло од минатата година - инфлацијата да почне постепено да паѓа од 8,8 отсто во 2022 година на нешто повеќе од 4 отсто во 2024 година“, рече таа, додавајќи дека ММФ смета дека е неопходно Бордот на Федералните резерви да продолжи да ги зголемува каматните стапки додека инфлацијата беше целосно контролирана.

Според Георгиева, важно е ММФ да не почне предвреме да ја олабавува својата монетарна политика.

„Американската економија веројатно ќе го постигне посакуваното 'меко приземјување' и дополнително ќе забави во текот на годината, но ќе успее да избегне рецесија“, рече Георгиева.

ММФ смета дека американскиот пазар на труд ќе ослаби до крајот на годината, но голем бран на невработеност е многу малку веројатен. паг/

 

Остани поврзан