• четврток, 21 ноември 2024

Гевгелија меѓу градовите со највисока инциденца на заразени со Ковид-19

Гевгелија меѓу градовите со највисока инциденца на заразени со Ковид-19
Гевгелија, 12 јули 2022 (МИА) - Во последните две недели, според извештајот на Институтот за јавно здравје, Гевгелија се вбројува меѓу четирите градови во кои се бележи највисока инциденца на заразени со Ковид-19 во таканаречениот петти бран од пандемијата. Информацијата денеска ја потврдија и од Подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија од каде соопштија дека во последните неколку денови се позитивни дури половината од тестовите што се прават кај нив на дневно ниво. Сериозноста на новонастанатата состојба придонесе Општата болница во Гевгелија да упати апел до граѓаните кои чувствуваат симптоми на Ковид-19 најпрво да се јават кај матичните лекари кои во зависност од клиничката слика ќе им препорачаат специјалистички преглед или амбулантно згрижување. Од вчера во вакционалниот пункт во Гевгелија почна вакцинацијата со четврта доза против Ковид-19 која им се препорачува на лицата над 60 години и тие со коморбидитети кои можат да ја примат по поминати четири месеци од приемот на бустер дозата или по прележан Ковид-19. им/рп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан