Гвардиола ги откри имињата на омилените НБА играчи
- Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола откри дека не е само фудбалот негов спорт
Манчестер, 10.август 2025 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола откри дека не е само фудбалот негов спорт. Тој на прес конференција во Палермо, каде неговиот тим играше контролен натпревар и победи со 3:0 откри дека ја следи и НБА лигата.
Притоа му честиташе на својот пријател Џо Мазула за продолжувањето на договорот со Бостон.
На прашањето кој е негов омилен играч во НБА лигата, Гвардиола потенцираше дека по повлекувањето на Мајкл Џордан, тоа се: Стеф Кари, Лука Дончиќ и Леброн Џејмс. мн/
Фото: ЕПА