• петок, 05 декември 2025

Гарабаја: Ќе го дадеме најдоброто што можеме за да стигнеме до победа

Гарабаја: Ќе го дадеме најдоброто што можеме за да стигнеме до победа

Загреб, 3.декември 2025 (МИА) – Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер вечерва игра еден од најважните натпревари од Лигата на шампионите. Во рамки на 10.коло од групата битолчани гостуваат кај тимот на Загреб, кој по промената на тренерот на последниот дуел со ПИК Сегед одиграа квалитетен натпревар. Екипата на Загреб воедно ја брка првата победа сезонава во Лигата на шампионите, додека Е.Пелистер со потенцијален триумф ќе ги зголемат шансите за следната рунда.

-  Имаат голема мотивација откако имаат нов тренер. Одиграа одлично во Сегед, се покажаа како цврст тим се, не се откажуваат никогаш. Ќе биде тежок натпревар и тие се надеваат на победа против нас. Имаме тежок распоред сега. Имаме малку време за подготовка, но ќе го дадеме најдоброто што можеме, изјави тренерот Рубен Гарабаја.

Почетокот на натпреварот Арена Загреб е во 18:45 часот, а судии се: Бојан Лах и Давид Сок од Словенија. мн/

Фото: Фејсбук РК Е.Пелистер

Остани поврзан