• петок, 05 декември 2025

Гарабаја: По нашето водство го сменија текот на играта, а ние доцна се навикнавме

Гарабаја: По нашето водство го сменија текот на играта, а ние доцна се навикнавме

Битола, 25.септември 2025 (МИА) – Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер го претрпе вториот пораз во Лигата на шампионите. Битолчани синоќа на домашен терен загубија од ГОГ Гудме со 28:31.

Можевме да видиме три натпревари во само овој еден. Тргнавме многу добро, ги следевме тактичките замисли на почетокот и тоа работеше. Потоа тие го сменија текот на натпреварот. Почнаа да играат директно со многу ситуации „еден на еден“ и кога беа со човек повеќе тоа направи разлика. Долго време ни требаше да се навикнеме на таквата игра. Ги заборавивме нашите тактички движења и потоа доцна се разбудивме и сфативме дека моравме посилно да се браниме. Кога го разбравме тоа, веќе беше доцна. Имаме два натпревари до следниот меч во Лигата на шампионите. Сепак, не можеме да запреме бидејќи имаме два тешки домашни меча. Жалам што имаме неколку врзани многу важни средби во Суперлигата, ама таков е календарот, изјави тренерот на Е.Пелистер Рубен Гарабаjа.

Македонскиот првак следниот натпревар го игра на 8.октомври на гости против Висла од Полска. мн/

Фото: Фејсбук РК Еурофарм Пелистер

Остани поврзан