• понеделник, 23 декември 2024

Враќањето на учениците во училиштата го зголеми обемот на работа на чевларите во Кичево

Враќањето на учениците во училиштата го зголеми обемот на работа на чевларите во Кичево

Кичево, 11 јануари 2022 (МИА) - Благодарение на редовната настава на учениците со физичко присуство во училиштата, работата на чевларите есенва и на почетокот на зимата значително се зголеми, потврди кичевскиот чевлар Ванѓел Љакоски.

-Годинава споредено со ланската година имаме многу повеќе работа, која во најголем дел се должи на физичкото присуство на учениците во училиштата, кои секојдневно во живо ја следат наставата. Зголемениот обем на работа се однесува на редовните поправки на спортските обувки,чевли и чизми што ги носат учениците одејќи на училиште, како и санирање на оштетувањата на ранци и торби во кои учениците ги носат учебниците, тетратките и останатите помагала. Бидејќи се работи за бројка од неколку илјади ученици во општината, се создава доволно голем обем на работа во текот на цела есен, рече Љакоски.

Тој посочи дека сите компании и институции работат со физичко присуство на вработените на работното место и додаде дека тоа придонесува и од овие дејности да имаат  дополнително  работа, поврзана со поправка на чевли, чизми и други обувки. Нагласи дека повеќето прослави и пречеци што се случуја околу Нова година и Божик придонесоа и бројот на свечени обувки да бидат подложни на оштетување.

-Бидејќи во нашиот град имавме пречек на Нова година, одбележување на Божик и допрва Стара Нова година, овие дружби придонесуваат да се оштетуваат свечените обувки, пред се кај жените, чии чевли најчесто завршуваат кај нас на поправка на петиците, флекици, и други оштетувања. Можеме да потврдиме дека што повеќе населението и младите се во движење и редовно ги спроведуваат секодјневните обврски на самото место, тоа има поголем придонес за повеќе работа, а се разбира и за остварување поголеми приходи, додава Љакоски, кичевски чевлар, кој е со инженерска диплома. за/мд/

Остани поврзан