• петок, 22 ноември 2024

Во Јосифово одбележан Светкиот ден на велосипедот

Во Јосифово одбележан Светкиот ден на велосипедот
Гевгелија, 3 јуни 2021 (МИА) - По повод одбележувањето на 3 јуни, Светскиот ден на велосипедот, градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, денеска возеше велосипед со најмалите ученици од Основното училиште „Страшо Пинџур“ од селото Јосифово. Со учениците, рече Костадинов, испративме заедничка порака за важноста од користењето на велосипедот за сопственото здравје и за средината во која живееме за да поттикнеме и апелираме да се применува здрав начин на живеење уште од најмали години. - Велосипедот е едноставен, достапен, економичен и еколошки одржлив начин за транспорт. Користењето на велосипед ја зголемува креативноста, го подобрува психофизичкото здравје и ја зацврстува социјалната вклученост во заедницата, поради што препорачувам да се вози велосипед, рече Костадинов. им/ар/

Остани поврзан