• сабота, 23 ноември 2024

Во Хонгконг потврден првиот случај на корона вирусот

Во Хонгконг потврден првиот случај на корона вирусот
Хонгконг, 22 јануари 2020 (МИА) - Првиот случај на маж заразен со новиот корона вирус е потврден во Хонгконг, јавија локалните медиуми. Претходно денеска, прв случај беше потврден и во кинескиот специјален административен регион Макао. Станува збор за 52-годишна жена турист од Вухан, градот од каде што вирусот почна забрзано да се шири. Властите во двете специјални административни области во Кина ги заострија мерките за да се спречи ширењето на инфекцијата. Во Макао, светскиот центар за коцкање, обврзно е да се носат маска за лице. Скенери за мерење на телесната температура се инсталирани на различни локации во поранешната португалска колонија, вклучително и на влезовите во казината. Голем број земји ги зајакнаа граничните контроли за да се спречи ширењето на вирусот, што се појави кон крајот на минатата година. Аеродромот Хитроу во Лондон одреди одделни места за патници кои пристигнуваат од области каде што се шири инфекцијата, наведе британскиот министер за транспорт Грант Шапс. Во Сингапур од денеска се прегледуваат сите патници кои пристигнуваат од Кина. Руските власти соопштија дека се зајакнати контролите на границите. гт/

Остани поврзан