• понеделник, 23 декември 2024

Во Гостивар казнети 39 моторџии

Во Гостивар казнети 39 моторџии
Скопје, 17 мај 2022 (МИА) -  Во засилена сообраќајна контрола на територијата на Гостивар, полицијата денеска санкционирала 39 возачи на мотоцикли. Како што соопшти МВР,  од казнетите, 19 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, седум возеле без возачка дозвола, еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.Полицијата најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира на почитување на сообраќајните правила и прописи. бк/нд/

Остани поврзан